Во согласност со Регулативата (ЕУ) 2016/679 на Европскиот парламент и на Советот од 27 април 2016 година за заштита на физички лица во поглед на обработката на лични податоци и за слободно движење на таквите податоци, а со која се укинува Директивата 95/46/ЕЗ (Службен весник на Европската Унија L 119, 4.5.2016, стр. 1, во натамошниот текст: Општа регулатива за заштита на податоците), која е во целосна сила и ефект од 25 мај 2018 година во Република Хрватска и сите земји-членки на Европската Унија, како и Законот за спроведување на Општата регулатива за заштита на податоците (Службен весник бр. 42/18, во натамошниот текст: Законот), т.е. во согласност со законската рамка за заштита на личните податоци во Република Хрватска и Европската Унија и најдобрите европски практики, ПОДРАВКА д.д., со регистрирано седиште на улица Анте Старчевиќ 32, Копривница (Град Копривница), ЕМБС: 18928523252 (во натамошниот текст: ПОДРАВКА), како контролор на обработката на лични податоци на своите корисници на услуги и клиенти, креираше Правила за приватност.
Со овие Правила за приватност („правила“) се објаснува како ПОДРАВКА ги прибира, користи и управува со вашите лични податоци содржани на интернет-страницата, а кои се достапни преку користењето на интернет-страницата: https://vegeta.com/mk/
Правилата за приватност се однесуваат на сите услуги што ги нуди ПОДРАВКА, при што целта на правилата е да ги информираат нашите посетители, партнери и корисници на нашите услуги (во натамошниот текст: субјекти на лични податоци) на јасен и транспарентен начин за обработката на нивните лични податоци и нивните права.
ПОДРАВКА е посветена на заштитата и почитувањето на вашата приватност. Ве молиме внимателно прочитајте ги овие правила за да разберете зошто и како ги прибираме вашите лични податоци и како тие ќе се користат. Во однос на личните податоци што ги прибираме, ПОДРАВКА е „контролор“, односно оној кој ги одредува потребите за кои и начинот на кој се обработуваат личните податоци.
ПОДРАВКА, како давател на услуги на интернет-страница, е посветена на заштита на приватноста на личните податоци.
Доколку сакате да нè контактирате во врска со овие правила или со вашите лични податоци, ве молиме користете ги следните контакт информации:
ПОДРАВКА д.д.
Улица Анте Старчевиќ 32
48 000 Копривница
Можете да контактирате со службеникот за заштита на податоци на: dpo@podravka.hr
Како и кога ги прибираме вашите лични податоци?
Вашите лични податоци ги прибираме кога е потребно да ги задоволиме вашите потреби и барања, да извршиме услуги или за потребите на нашето работење:
а) во моментот кога ќе пристапите до интернет-страницата https://vegeta.com/mk/, ние ќе ја прибереме вашата IP адреса, која исто така се смета за личен податок,
б) при регистрација на лице како корисник или примател на билтен или други известувања за нашите производи и промоции. Како контролор на податоци, ќе ве замолиме да внесете информации за себе (лични податоци), како што се вашата адреса на е-пошта, име, презиме и телефонски број (дел од податоците се означени како опционални). Правната основа за обработка на вашите податоци е согласноста. Затоа, корисникот кој се регистрира за да добива известувања за нашите производи и промоции со внесување на своите податоци на страницата https://vegeta.com/mk/ дава согласност за обработка на неговите лични податоци. Корисникот може да ја повлече согласноста во секое време со известување на е-поштата на службеникот за заштита на лични податоци,
в) ситуации во кои прибираме други видови податоци, како што се датумот и времето на пристап до страницата, информации за хардверот, софтверот или интернет прелистувачот што го користите, како и за оперативниот систем на вашиот компјутер и верзијата на апликацијата и вашите јазични поставки. Може да прибираме информации за кликовите и вашиот пристап до страницата https://vegeta.com/mk/ што ви е прикажана,
г) кога ќе контактирате со нашата канцеларија и ќе побарате помош од нас или ќе поставите прашање за да остварите едно од вашите права гарантирани со важечките прописи,д) кога ќе нѐ контактирате преку социјалните мрежи, ние ги прибираме податоците што ни ги ставате на располагање кога поставувате прашања или барања,
ѓ) кога учествувате во нашите наградни игри, ние ги обработуваме вашите податоци во зависност од видот на наградната игра, за што дополнително ќе ве информираме во самите правила на наградната игра. Податоците што можат да се обработуваат вклучуваат, на пример, име, презиме, адреса за испраќање на наградата,
е) кога ќе пополните прашалник за задоволство, обработуваме податоци како што е вашата IP адреса,
ж) кога ќе ни поставите какво било прашање поврзано со наша понуда, ние ќе ги обработиме вашите контакти и/или други податоци што ги наведувате при испраќање на прашањето,
з) доколку сакате да поднесете апликација за отворена работна позиција, ќе обработиме податоци како што се вашето име, презиме, возраст, титула, занимање, работно искуство, телефонски број за контакт и други податоци содржани во вашата апликација,
ѕ) при регистрација на интернет-страницата, се зачувуваат и датумот и времето на IP-адресата доделена од давателот на интернет услуги (ISP) и користена од субјектот на лични податоци. Регистрацијата, со согласност, ни овозможува како контролор на податоци и организатор да нудиме содржина или услуги што можат да им се понудат само на регистрирани корисници поради природата на предметот. Регистрираните лица можат во секое време да ги променат личните податоци дадени при регистрацијата или целосно да ги избришат од евиденцијата,
Горенаведените специфични категории на ваши лични податоци ги прибираме или врз основа на согласноста што се бара од вас кога ќе пристапите на https://vegeta.com/mk/ преку скокачки прозорец, или врз основа на легитимен интерес (на пример, во случаи кога за функционирање на https://vegeta.com/mk/ или кога ви испраќаме некои интересни известувања и/или понуди за акции се неопходни колачиња) или со цел да ги исполниме нашите обврски што произлегуваат од важечките прописи на Република Хрватска.
Доколку обработката се заснова на ваша согласност, имате право да ја повлечете вашата согласност во секое време. За повлекувањето на согласноста мора да се извести контролорот на податоци преку е-пошта: dpo@podravka.hr или на адресата ПОДРАВКА д.д., Улица Анте Старчевиќ 32, 48 000 Копривница со ознака „службено лице за заштита на податоци“. Таквото повлекување нема да влијае на законитоста на обработката врз основа на согласноста пред нејзиното повлекување.
Ве молиме обрнете внимание на задолжителниот обем на податоци што ги бараме од вас, бидејќи доколку не ги доставите бараните информации што се утврдени како задолжителни за да се изврши бараната или очекуваната активност за вас, за жал, нема да ви биде дозволено да учествувате во неа, без бараните податоци активноста нема да биде технички изводлива.
Значи, за да го резимираме сето горенаведено, ние главно ги прибираме вашите лични податоци директно од вас кога пополнувате одреден образец или кога сакате да го добивате нашиот билтен.
Вашите лични податоци не ги користиме за маркетиншки цели, освен ако не ни кажете дека се согласувате со ова. Доколку сакате да ви испраќаме детали за нашите производи, организација на настани, услуги, понуди и промоции, ве молиме претплатете се за тоа со давање на вашата согласност при претплатување на билтенот.
Вашите лични податоци ги третираме како доверливи информации и тие се соодветно заштитени од ПОДРАВКА и/или нашите доверливи партнери.
Кои податоци ги прибираме директно од вас и за која цел?
Типични категории на податоци што ги прибираме од корисниците се следните: адреса на е-пошта.
Вашите лични податоци ги прибираме за:
• извршување услуги, исполнување договор или други средства за осигурување на обезбедувањето на бараната услуга
• користење на сите услуги на интернет-страницата https://vegeta.com/mk/
• да одговориме на вашето барање и да ги обработиме вашите барања што е можно поефикасно
• статистичка обработка на податоци
• испраќање материјали, понуди и контактирање
• подобрување на квалитетот на содржината, функционалноста и услугите.
Какви права на приватност имате?
Ве молиме имајте предвид дека имате право во секое време го побарате следново од ПОДРАВКА:
• да ви овозможиме пристап до вашите лични податоци
Можете да ја прашате ПОДРАВКА кои ваши лични податоци ги користи, а можете и да побарате пристап до тие лични податоци. Имате право да ја знаете целта на обработката, кои категории на ваши лични податоци ги чуваме, органите или категориите на органи со кои ги споделуваме вашите лични податоци, периодот на чување на податоците, како и изворот на податоците во случај кога податоците се прибираат индиректно.
Можете да нè контактирате доколку сакате копија од некои или сите лични податоци што ги имаме за вас.
• барање за корекција на неточни податоци
Сакаме вашите лични податоци да бидат точни и ажурирани. Можете да побарате од нас да исправиме или отстраниме информации за кои сметате дека се неточни или застарени.
• барање за бришење лични податоци
Можете да побарате од ПОДРАВКА да престане со обработка или дури и да ги избрише вашите лични податоци. Доколку ни се потребни вашите лични податоци за да исполниме договорна обврска кон вас, ПОДРАВКА може да престане да биде во можност да ги извршува таквите договорни обврски. Исто така, доколку вашите лични податоци се неопходни за исполнување на одредени законски обврски (на пр. даночни обврски), вашето барање можеби нема да може да се исполни.
• Ограничување на пристапот до вашите податоци (нам и/или на трети лица) во одредени процеси или целосно
Доколку сакате да ја оспорите точноста на податоците, или ако повеќе не ни се потребни личните податоци за целите на обработка, но вам ви се потребни за утврдување, остварување или обработка на правни барања, или ако сте се спротивставиле на обработката врз основа на која сметаме дека е легитимна, имате право да побарате ограничување на обработката на вашите лични податоци.
• поднесување жалба за начинот на кој ги користиме вашите податоци
Запомнете дека имате право да се спротивставите на обработката на лични податоци врз основа на законска основа што ПОДРАВКА ја смета за легитимна.
• барање за пренос на податоци до друг контролор на податоци (преносливост на права)
Доколку обработката се заснова на ваша согласност или се извршува со автоматизирани средства, имате право да побарате пренесување на вашите податоци до друг контролор на податоци.
За да ги остварите кои било од горенаведените права, ве молиме користете ги контакт информациите наведени на почетокот од Правилата за приватност.
Доколку сметате дека вашите права не се почитуваат, имате право да поднесете жалба до Агенцијата за заштита на лични податоци, Улица Метела Ожеговица 16, HR – 10 000 Загреб, е-пошта: azop@azop.hr
Каде се чуваат вашите лични податоци?
Личните податоци што ги прибираме за вас ги чуваме во безбедна средина. Вашите лични податоци се заштитени од неовластен пристап, обелоденување, употреба, менување или уништување од страна на која било организација или поединец.
Обработените податоци се складираат во нашите простории и безбедни ИТ системи, но понекогаш складираме податоци на сервери на наши доверливи даватели на услуги лоцирани во ЕУ.
ПОДРАВКА ќе се увери личните податоци да се чуваат на безбедно место (што вклучува разумна административна, техничка и физичка заштита за да се спречи неовластена употреба, пристап, обелоденување, копирање или измена на лични податоци), до кои пристап можат да имаат само овластени лица. Сите овластени лица потпишуваат изјава за доверливост.
Податоците прибрани за целите утврдени во овие правила ќе се чуваат само онолку долго колку што е потребно за исполнување на наведените цели. Вашите лични податоци нема да се чуваат во форма што овозможува ваша идентификација подолго отколку што ПОДРАВКА разумно смета дека е потребно за постигнување на целта за која се прибрани или обработени. ПОДРАВКА ќе чува одредени лични податоци во временскиот период пропишан со закон или пропис што ја обврзува ПОДРАВКА да ги чува податоците (повеќе во „Колку долго ПОДРАВКА ќе ги чува вашите лични податоци“).
Доколку сте ни дале согласност (на пример, сте се претплатиле на нашиот билтен, сте избрале одредена категорија колачиња за користење), ние ќе ги обработуваме вашите лични податоци сè додека не ја повлечете вашата согласност. Доколку поднесете основан приговор за обработка на лични податоци врз основа на легитимен интерес, ние нема да ги обработуваме вашите лични податоци во иднина.
Покрај сето наведено погоре, важно е да се истакне следново; доколку се покренати судски, административни или вонсудски постапки, личните податоци може да се чуваат до крајот на таквите постапки, вклучувајќи го и можниот период за изјавување правни лекови.
Дали ПОДРАВКА разменува податоци со трети лица?
Заштитата на приватноста ни е важна, затоа никогаш нема да ги споделуваме вашите лични податоци со трети лица, освен за целите опишани во овие правила. Секогаш ќе ве информираме за споделувањето и пренесувањето податоци.
ПОДРАВКА соработува со други друштва. Ова значи дека понекогаш ги споделуваме вашите лични податоци, користејќи безбедни ИТ системи. Кога го правиме тоа, податоците се пренесуваат до сервери лоцирани во ЕУ или во земја што обезбедува соодветно ниво на заштита во согласност со законодавството на ЕУ.
Во некои случаи, нашите партнери кои обезбедуваат услуги во име на или за ПОДРАВКА може да ги обработуваат вашите податоци надвор од Европската Унија. Сепак, договорите што ги склучуваме со таквите субјекти ги обврзуваат да постапуваат со вашите податоци со посебни безбедносни мерки во согласност со важечките прописи во земјите-членки на Европската Унија.
На 10 јули 2023 година, Европската комисија донесе нова одлука за соодветност врз основа на која личните податоци можат слободно да се пренесуваат од Европската Унија до друштва во Соединетите Американски Држави кои учествуваат во Рамката за заштита на податоци.
Одлуката за соодветност се заснова на член 45 од Општата регулатива за заштита на податоците и е механизам што обезбедува безбедно и законско пренесување на податоци во трети земји. Друштвата во САД кои сакаат да учествуваат во Рамката за заштита на податоците мора да поминат низ процес на самосертификација и да се пријават на листата на друштва кои се приклучиле на Рамката за заштита на податоците.
Исто така, доколку нашиот договорен партнер е со седиште во САД, ќе ги разгледаме постојните договори и ќе ги провериме безбедносните стандарди што ги гарантира нашиот партнер за да ја обезбедиме заштитата на сите наши субјекти на лични податоци со најновите стандарди одобрени и предложени од надлежните институции.
Целите за кои споделуваме податоци со нашите доверливи партнери се, на пример, за потреби на маркетинг, одржување на интернет-страницата https://vegeta.com/mk/, гласање, обработка на плаќања, испораки (достава) и други услуги во и надвор од https://vegeta.com/mk/. Овие даватели на услуги се обврзани, според релевантните договори, да ги користат податоците што им се доверени само во согласност со нашите упатства и исклучиво за целта што е строго наведена од нас. Исто така, ги обврзуваме соодветно да ги заштитат вашите податоци и да ги сметаат за трговска тајна.
Еднаш годишно, вршиме ревизија кај сите наши партнери за да се осигураме дека заштитата на вашите лични податоци е сè уште на потребното ниво и во согласност со важечките прописи.
Колку долго ПОДРАВКА ќе ги чува вашите лични податоци?
ПОДРАВКА нема да ги чува вашите лични податоци подолго од периодот за кој податоците се неопходни за исполнување на целта на нивната употреба, а максимално 3 години, освен во исклучителни случаи кога со закон е пропишан подолг период на чување на податоци (на пример, податоците поврзани со еднострано раскинување на договор и жалби ќе ги чуваме 1 година, податоците поврзани со остварувањето на вашите права на приватност ќе се чуваат трајно, податоците поврзани со наградни игри ќе се чуваат 5 години, адресите на е-пошта за испраќање билтени до повлекување на согласноста, додека податоците за сметката ќе ги чуваме 11 години).
Можете да дознаете повеќе за периодите на чување податоци ако контактирате со нашиот службеник за заштита на податоци.
За што ќе ги користиме вашите податоци?
Вашите лични податоци може да ги користиме на неколку различни начини, главно за да ги исполниме нашите законски и други обврски кон вас, но понекогаш и за да го подобриме вашето искуство со користење на интернет-страницата и од безбедносни причини.
Целите за кои ги користиме вашите податоци се опишани во овие правила, а доколку вашите податоци се обработуваат за други цели, ќе бидете известени пред да се изврши таквата (нова) обработка.
Колачиња
За да ја одржува интернет-страницата и да обезбеди нејзините функционалности да бидат на очекуваното ниво, ПОДРАВКА користи технологија позната како „колачиња“.
Колачињата се мали датотеки што ги испраќаме на вашиот компјутер и можме да пристапиме до нив подоцна. Тие можат да бидат привремени или трајни. Благодарение на колачињата, можете да ги пребарувате нашите страници без никакви проблеми. Колачињата ни покажуваат што ве интересира вас и другите посетители на нашата интернет-страница, што ни помага да ја подобриме.
Прочитајте повеќе за колачињата во Правилата за користење колачиња.
Други интернет-страници
Други интернет-страници до кои може да се пристапи преку интернет-страницата https://vegeta.com/mk/ имаат свои изјави за приватност и прибирање податоци и свои начини на користење и обелоденување.
ПОДРАВКА не е одговорна за начините и условите на работа на трети лица.
ПОДРАВКА прибира и обработува лични податоци преку кориснички интеракции на социјалните мрежи како што се Facebook, Instagram, LinkedIn и YouTube. ПОДРАВКА или одговорните лица назначени од ПОДРАВКА имаат пристап до пораките и/или објавите на горенаведените социјални мрежи, меѓутоа, личните податоци прибрани преку нив, особено оние содржани во пораките, не се чуваат или не се обработуваат дополнително од ПОДРАВКА, освен за целите наведени во овие Правила.
ПОДРАВКА користи деловен профил користејќи ги услугите на Facebook, YouTube, LinkedIn и Instagram, а нивните Правила за приватност, односно изјавите за доверливост, како и начинот на кој ги користат вашите лични податоци можете да ги видите на:
YOUTUBE ONLINE – https://policies.google.com/privacy?hl=hr
Доколку имате какви било прашања во врска со прибирањето и обработката на податоци од страна на Facebook, YouTube, LinkedIn и/или Instagram или сакате да остварите некое од вашите права гарантирани со Општата регулатива за заштита на податоците, ве молиме контактирајте:
ЗА FACEBOOK:
META PLATFORMS IRELAND Ltd., 4 Grand Canal Square, Grand Canal Harbour, Dublin 2, Irska
Контакт со службеникот за заштита на податоци: https://hr-hr.facebook.com/policy.php https://www.facebook.com/help/contact/540977946302970
Доколку не сте задоволни од начинот на кој се прибираат и обработуваат вашите лични податоци, можете да контактирате со главниот надзорен орган на Facebook, ирскиот комесар за заштита на податоци или хрватската Агенција за заштита на личните податоци.
На интернет-страницата https://vegeta.com/mk/, https://vegeta.com/mk/ како контролор на обработката на личните податоци има интегрирано компоненти на компанијата Facebook. Facebook е социјална мрежа.
Социјалната мрежа е место за социјална поврзаност на Интернет, онлајн заедница која обично им овозможува на корисниците да комуницираат едни со други во виртуелен простор. Социјалната мрежа служи како платформа за споделување мислења и искуства или за обезбедување лични информации или информации поврзани со работата на интернет заедницата. Facebook им овозможува на своите корисници да креираат приватни профили, да прикачуваат слики и да се поврзуваат преку барања за пријателство.
Facebook е во сопственост на Meta Platforms Inc., 1 Hacker Way, Menlo Park, CA 94025, САД. Доколку лицето кое користи Facebook живее надвор од САД или Канада, контролорот на личните податоци е Meta Platforms Ireland Ltd., 4 Grand Canal Square, Grand Canal Harbour, Dublin 2, Ireland. Meta Platforms Inc., 1 Hacker Way, Menlo Park, CA 94025, САД, е независен контролор на податоци.
Со отворање на https://vegeta.com/mk/, прелистувачот на субјектот на лични податоци ќе ја прикаже соодветната компонента на Facebook, што е последица на користењето на додатокот (plug-in) за Facebook. Преглед на сите додатоци на Facebook може да се најде на https://developers.facebook.com/docs/plugins/. За време на оваа техничка постапка, на Facebook му се даваат информации за специфичната подстраница што ја посетил субјектот на лични податоци.
Доколку сте најавени на Facebook како субјект на лични податоци, Facebook може да ги детектира сите ваши посети на интернет-страницата https://vegeta.com/mk/ истовремено. Овие информации се прибираат преку компонентата на Facebook и се пренесуваат на Facebook сметката на субјектот на лични податоци. Доколку субјектот на лични податоци кликне на кое било копче на Facebook интегрирано на интернет-страницата https://vegeta.com/mk/, на пример копчето „Ми се допаѓа“, или доколку субјектот на лични податоци испрати коментар, тогаш Facebook ги пренесува наведените информации на личната Facebook сметка на субјектот на лични податоци и на тој начин ги зачувува личните податоци.
Секој пат кога субјектот на лични податоци е најавен на Facebook и во исто време пристапува до интернет-страницата https://vegeta.com/mk/, Facebook ќе добива информации за ова преку компонентата на Facebook. Ова ќе се случи без оглед на тоа дали субјектот на лични податоци ќе кликне на компонентата на Facebook или не. Доколку субјектот на лични податоци не сака овој тип на информации да бидат пренесени, тој или таа може да го спречи тоа со одјавување од својата Facebook сметка пред да пристапи на интернет-страницата https://vegeta.com/mk/
ЗА YOUTUBE:
Google Ireland, Ltd., Gordon House Barrow St, Dublin 4, Irska
Контакт на службеникот за заштита на податоците: https://support.google.com/policies/contact/general_privacy_form
Доколку не сте задоволни од начинот на кој се прибираат и обработуваат вашите лични податоци, можете да контактирате со главниот надзорен орган за YouTube, ирскиот комесар за заштита на податоци или хрватската Агенција за заштита на личните податоци.
На интернет-страницата https://vegeta.com/mk/, контролорот на лични податоци има интегрирано компоненти од услугата Youtube. YouTube е интернет видео портал кој овозможува бесплатно објавување, прегледување, оценување и коментирање на видео материјал. YouTube ви овозможува да објавувате секаков вид видео материјал, така што можете да гледате цели филмови, ТВ емисии, музички видеа, трејлери и видеа направени од корисниците на порталот.
Сопственик на услугата YouTube е YouTube, LLC, 901 Cherry Ave., San Bruno, CA 94066, САД. The YouTube, LLC која е подружница на компанијата Google Inc., 1600 Amphitheatre Pkwy, Mountain View, CA 94043-1351, САД. YouTube, LLC, 901 Cherry Ave., San Bruno, CA 94066, САД. The YouTube, LLC која е подружница на компанијата Google Inc., 1600 Amphitheatre Pkwy, Mountain View, CA 94043-1351, САД се смета за независен контролор.
Доколку вие, како корисник на страницата (субјект на лични податоци), сте најавени на YouTube, YouTube ќе препознава секој пат кога ќе отворите потстраница што содржи YouTube видео. Овие информации ќе бидат прибрани од YouTube и Google и ќе бидат префрлени на YouTube сметката на субјектот на лични податоци.
YouTube или Google ќе добијат информации преку компонентата на YouTube дека субјектот на лични податоци ја посетил интернет-страницата https://vegeta.com/mk/ ако бил најавен на YouTube во времето на посетата на интернет-страницата; ова ќе се случи без оглед на тоа дали вие, како субјект на лични податоци, сте кликнале на видеото на YouTube или не. Доколку не сакате да дозволите такво пренесување информации, можете да го спречите тоа со одјавување од вашата YouTube сметка пред да ја отворите интернет-страницата https://vegeta.com/mk/
Влегување во сила и измени во правилата за приватност
Овие Правила стапуваат во сила по објавувањето на интернет-страницата.
ПОДРАВКА го задржува правото да ги изменува и надополнува Правилата за приватност, кои ќе бидат објавени на интернет-страницата.
Ажурирано: 25.06.2025.