Додадено во Мои рецепти.

Отстрането од Мои рецепти.

СИТЕ РЕЦЕПТИ

Печати

Салата од пилешко на скара и јачмен

Печати

Пилешко филе со каша од јачмен збогатено со лиснат зеленчук, краставица, маслинки и кромид е вистински гурмански специјалитет. Оваа ладна салата е посебна и поради маринадата што ги комбинира вкусот на сенф и медитерански зачини.

Припрема

40 min

Порција за

4

Состојки

Супер совет: Избери состојки што веќе ги имаш и откриј кои ти недостасуваат. Нека тоа ти помогне да одлучиш што да готвиш.

Припрема

  1. Сварете го јачменот, исцедете го, изладете го и ставете го во голем сад.
  2. Измешајте го пилешкото со маринадата, направена од Вегета Натур Грил, малку Подравка сенф и Вегета Маестро мешавина од медитерански зачини, и оставете го да отстои 30 минути.
  3. Во меѓувреме, подгответе го дресингот со мешање на маслиново масло, лук, сок од лимон, мешавина од Вегета Оригинал и Вегета Маестро црн пипер.
  4. Печете го маринираното пилешко на скара или во тава за скара.
  5. Изладете го печеното пилешко, исечете го на ленти и додадете го во садот со јачменот.
  6. Додадете ја руколата, тенко исецканата краставица, тенко исечениот кромид, нането, маслинките и пињолите.

Совет

Можете да ја замените руколата со млад, бејби спанаќ.

Послужување

Рамномерно прелијте го дресингот, потоа нежно промешајте за да се соедини салатата и