Додадено во Мои рецепти.
Отстрането од Мои рецепти.
Салата од печен морков и леќа со хумус
Љубителите на вегетаријански закуски ќе го обожаваат овој хранлив оброк кој совршено ги комбинира зачините и зеленчукот во салата од печен морков и леќа со хумус. Течноста од наутот е одговорна за кремастата текстура.
Припрема
35 min
Порција за
2
Состојки
Супер совет: Избери состојки што веќе ги имаш и откриј кои ти недостасуваат. Нека тоа ти помогне да одлучиш што да готвиш.
Припрема
- Загрејте ја рерната на 200° C.
- Исечете ги морковите и кромидот. Ставете ги исечените моркови и кромид во плех обложен со хартија за печење. Прелијте со маслиново масло, јаворов сируп, наросете со Вегета Маестро слатка димена пиперка, ким, Вегета Маестро цимет и сол.
- Печете 25-30 минути додека морковите не омекнат и не се карамелизираат.
- Во меѓувреме, подгответе ја салатата од леќа. Додадете маслиново масло, оцет, грубо сечкани бадеми, сечкани Подравка маслинки, магдонос и нане во исцедената леќа. Измешајте и оставете настрана.
- Во сад ставете го наутот, сечканиот лук, маслиновото масло, сокот од лимон и малку морска сол. Блендирајте со рачен блендер додека не добиете кремаста смеса (додадете течност од конзервата доколку е потребно).
- Нанесете го хумусот на чинија за сервирање како основа. На половина од чинијата ставете печени моркови, а на другата половина салата од леќа.
Совет
Можете да ја додадете течноста што ќе остане од цедењето на наутот во хумусот за да постигнете кремаста текстура, но можете да ја искористите и наместо белки од јајца за да подготвите некои десерти како чоколаден мус.
Послужување
Посипете со малку Вегета Оригинал и сервирајте.


