Додадено во Мои рецепти.
Отстрането од Мои рецепти.
Ризото Карбонара
Процесот од обичен ориз до совршено кремасто ризото е едноставен и воопшто не е тежок. Откријте ги чекорите и идеите за сервирање со крцкава сланина, пекорино сирење и свежо мелен пипер.
Припрема
30 min
Порција за
2
Состојки
Супер совет: Избери состојки што веќе ги имаш и откриј кои ти недостасуваат. Нека тоа ти помогне да одлучиш што да готвиш.
Припрема
- Подгответе ја основата со загревање на 750 мл. вода, потоа со додавање на Вегета Натур за ризото и приготвување на истото.
- Во сува тава, пропржете ја исечената сланина додека не добие златна боја и не стане крцкава. Извадете ја сланината и оставете ја настрана.
- Оставете 1 лажица маст во тавчето, потоа пржете го ситно исечканиот кромид врз неа, додадете го измиениот ориз и пржете кратко додека оризот не се застаклува.
- Налејте го виното, оставете оризот да го впие виното, а потоа почнете да ја додавате основата од Вегета Натур за ризото, малку по малку, мешајќи постојано. Додадете ја останатата количина само кога претходната ќе се впие.
- Продолжете да мешате и додавате додека оризот не стане ал денте. Тргнете од оган, покријте и оставете да отстои додека ја подготвувате смесата од јајца.
- Во мал сад, измешајте ја жолчката од јајце, павлаката, свежо мелениот црн пипер и неколку лажици ситно рендано сирење.
- Додадете ја смесата во сè уште топлото ризото.
Совет
Мешањето на ризотото за време на готвењето е многу важно. На овој начин оризот го ослободува скробот, што му дава на сосот густина.
Послужување
Сервирајте го ризотото во длабока чинија, одозгора ставете крцкава сланина, неколку крупни парчиња пекорино и наросете со свежо мелен црн пипер.


