Додадено во Мои рецепти.
Отстрането од Мои рецепти.
Паста à la Norma
Главно јадење, Тестенина, Брзи јадења
Модриот патлиџан ја има водечката улога во рецептот за тестенини „à la norma“. Во ова јадење доминираат медитерански вкусови, па затоа покрај основните состојки, неопходни се оригано, магдонос и босилек.
Припрема
45 min
Порција за
4
Состојки
Супер совет: Избери состојки што веќе ги имаш и откриј кои ти недостасуваат. Нека тоа ти помогне да одлучиш што да готвиш.
Припрема
- Исечете го модриот патлиџан на парчиња со дебелина од 1 см.
- Пржете ги парчињата модар патлиџан во добро загреано маслиново масло. Пржете додека убаво не поруменат и не омекнат. Извадете го пржениот модар патлиџан во чинија и наросете го со Вегета Оригинал.
- Во загреана тава со масло на средна температура, додадете го лукот, чилито и солта и пржете додека лукот не почне да мириса. Додадете ги доматите и ориганото, заедно со малку сол и црн пипер, и пржете 5 минути, мешајќи повремено.
- Во меѓувреме, ставете голем сад со вода на оган, да зоврие и додадете сол. Сварете ги тестенините во многу солена вода, според упатствата.
- Исечете го модриот патлиџан на ленти и загрејте го во доматен сос една минута.
- Готовите тестенини, исцедете ги и измешајте со доматниот сос и модриот патлиџан.
Совет
Лентите модар патлиџан, пржете ги малку по малку, за да бидат рамномерно распоредени во тавата.
Послужување
Пред сервирање, посипете со магдонос или босилек и рендано сирење.



дали ти се допаѓа?