Додадено во Мои рецепти.

Отстрането од Мои рецепти.

СИТЕ РЕЦЕПТИ

Печати

Багел сендвичи со риба и зеленчук

Печати

Тркалезните багел сендвичи се омилен појадок или ужина за многумина. Предлагаме да ги збогатите со комбинација од риба, зеленчук и хранливо авокадо.

Припрема

15 min

Порција за

2

Состојки

Супер совет: Избери состојки што веќе ги имаш и откриј кои ти недостасуваат. Нека тоа ти помогне да одлучиш што да готвиш.

Припрема

  1. За припрема на дресингот, ситно исечкајте го младиот кромид и маслинките, додадете маслиново масло, сок од лимон, Вегета Маестро копар, Вегета Маестро мелен црн пипер, сол и измешајте.
  2. Врз исеченото тесто на половина, ставете тенки парчиња краставица, исечени по должина, така што ќе бидат неправилно превиткани.
  3. Врз краставицата, ставете исечено авокадо и неколку исечени чери домати.
  4. Потоа наредете ги парчињата моцарела и исцедените скуша филети.
  5. Нанесете го подготвениот дресинг врз сè.

Совет

Можете да користите зеленчук по ваш избор, а наместо моцарела, ставете исечено варено јајце врз парчињата зеленчук.

Послужување

Покријте со другата половина од багелот и сервирајте.