Додадено во Мои рецепти.
Отстрането од Мои рецепти.
Салата од пилешко на скара и јачмен
Пилешко филе со каша од јачмен збогатено со лиснат зеленчук, краставица, маслинки и кромид е вистински гурмански специјалитет. Оваа ладна салата е посебна и поради маринадата што ги комбинира вкусот на сенф и медитерански зачини.
Припрема
40 min
Порција за
4
Состојки
Супер совет: Избери состојки што веќе ги имаш и откриј кои ти недостасуваат. Нека тоа ти помогне да одлучиш што да готвиш.
Припрема
- 
											Сварете го јачменот, исцедете го, изладете го и ставете го во голем сад. 
- 
											Измешајте го пилешкото со маринадата, направена од Вегета Натур Грил, малку Подравка сенф и Вегета Маестро мешавина од медитерански зачини, и оставете го да отстои 30 минути. 
- 
											Во меѓувреме, подгответе го дресингот со мешање на маслиново масло, лук, сок од лимон, мешавина од Вегета Оригинал и Вегета Маестро црн пипер. 
- 
											Печете го маринираното пилешко на скара или во тава за скара. 
- 
											Изладете го печеното пилешко, исечете го на ленти и додадете го во садот со јачменот. 
- 
											Додадете ја руколата, тенко исецканата краставица, тенко исечениот кромид, нането, маслинките и пињолите. 
Совет
Можете да ја замените руколата со млад, бејби спанаќ.
Послужување
Рамномерно прелијте го дресингот, потоа нежно промешајте за да се соедини салатата и