Додадено во Мои рецепти.
Отстрането од Мои рецепти.
Паста à la Norma
Модриот патлиџан ја има водечката улога во рецептот за тестенини „à la norma“. Во ова јадење доминираат медитерански вкусови, па затоа покрај основните состојки, неопходни се оригано, магдонос и босилек.
Припрема
45 min
Порција за
4
Состојки
Супер совет: Избери состојки што веќе ги имаш и откриј кои ти недостасуваат. Нека тоа ти помогне да одлучиш што да готвиш.
Припрема
-
Исечете го модриот патлиџан на парчиња со дебелина од 1 см.
-
Пржете ги парчињата модар патлиџан во добро загреано маслиново масло. Пржете додека убаво не поруменат и не омекнат. Извадете го пржениот модар патлиџан во чинија и наросете го со Вегета Оригинал.
-
Во загреана тава со масло на средна температура, додадете го лукот, чилито и солта и пржете додека лукот не почне да мириса. Додадете ги доматите и ориганото, заедно со малку сол и црн пипер, и пржете 5 минути, мешајќи повремено.
-
Во меѓувреме, ставете голем сад со вода на оган, да зоврие и додадете сол. Сварете ги тестенините во многу солена вода, според упатствата.
-
Исечете го модриот патлиџан на ленти и загрејте го во доматен сос една минута.
-
Готовите тестенини, исцедете ги и измешајте со доматниот сос и модриот патлиџан.
Совет
Лентите модар патлиџан, пржете ги малку по малку, за да бидат рамномерно распоредени во тавата.
Послужување
Пред сервирање, посипете со магдонос или босилек и рендано сирење.